Еве кои видови на рак добиваат поради работно место

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во периодот од 2013 од 2021 година во ЕУ се официјално регистрирани вкупно 33.712 случаи на „професионални карциноми“ или во просек 3909 случаи годишно, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, под терминот „професионален карцином“ се подразбира заболување од рак како последица на долготрајна изложеност на канцерогени фактори на работното место.

Најчестите типови на „професионален карцином“ се рак на белите дробови, мезотелиом (вид на рак поврзан со изложеност на азбест, што се развива во тенкиот слој на ткивото што покрива многу внатрешни органи, познат како мезотелиум), како и канцер на мочниот меур.

Од вкупниот број случаи на „професионални карциноми“ во посочениот период, 13.944 се канцери на дишните патишта или белите дробови, а 13.530 се случаи на мезотелиом. Според податоците на Евростат, на овие два типа заболувања отпаѓаат околу 80 проценти од случаите на „професионални карциноми“.

На трето место, но сепак со значителен број од 2416, се случаите на малигна неоплазма на мочниот меур.

Наведените податоци се дел од Европската статистика за професионални заболување на (ЕОДС) на Евростат. Станува збор за експерименталната статистичка анализа на податоци за заболувања поврзани со работните места или професионалниот ангажман.

Share This Article