Веста дека српскиот актер и водител Милан Калиниќ се разведува од сопругата Сандра по 18 години брак шокираше многумина.
Милан и Сандра се во брак од 2006 година и заедно имаат две деца.
Како што истакнува извор близок до Калиниќ, Сандра и тој одлучиле да му стават точка на бракот на почетокот на оваа година, кога решиле дека за нив и за нивните деца е најдобро секој да тргне по својот пат, пишува српски „Курир“.
Калиниќ го напуштил заедничкиот стан во Вождовац, во кој живеат со години и веднаш почнал да бара нова недвижност за себе.
Во меѓувреме, Милан се преселил во станот кај својата мајка Боба Којовиќ, со која од неодамна е повторно неразделен.
Дека односите меѓу наскоро поранешните сопружници одамна не се најдобри говори и тоа што тие долго време не се појавуваа заедно во јавноста, а тој доаѓаше на јавни настани и премиери или сам или во друштво на мајка си.
Водителот, инаку, на својот инстаграм-профил сè уште има фотографии со сопругата.
Калиниќ претходно во неколку наврати изјави дека му импонира што има толку згодна и убава сопруга.
Инаку, Калиниќ не дава коментари на прашањата за разводот.