Еве какви инструкции добивал снимателот додека новинарката се расправаше со вујкото на Данка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски Индекс.

Како што и вчера објавивме, новинар и снимател на српски Информер пристигнале пред куќата на вујкото на Данка каде се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж кој се претставил како вујко на Данка и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.

Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.

Од студиото на ТВ Информер во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за рејтингот.

– Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите – велат од студиото, се слуша во директниот пренос.

 

Плусинфо уште вчера ја објави снимката на којашто се гледа како вујкото на исчезнатата Данка се расправа со репортерката на Информер, но таму, на таа снимка, избришан е делот на кој се слушаат довикувањата од студиото.

Share This Article