More

    Еве како настана „случајната“ фотографија на Ким Кардашијан како пие пиво во паб

    spot_img

    Старлетата Ким Кардашијан е една од најпознатите жени во светот, па кога беше објавено дека случајно се појавила во еден лондонски паб нс денот на Свети Патрик, луѓето во најмала рака беа изненадени. На социјалните мрежи кружеа фотографии од ријалити ѕвездата како држи кригла пиво.

    Меѓутоа, обожавателите сега заклучија дека целата работа била оркестрирана бидејќи се појавила уште една фотографија на која се гледа реалната сцена на снимање на овој момент, а таа вклучувала бројна снимателска екипа со камери и рефлектори кои го окупирале целиот паб.

     

    „Бев разочаран кога сфатив дека ова е Инстаграм против реалноста Ким К. во пабот“, „Очекував неколку камери, но тие го зазедоа целиот паб. А да не ги сметаме и телохранителите“, „Социјалните мрежи ќе не уништи нас“, се само дел од реакциите на корисниците на Твитер.

    Ким неодамна го привлече вниманието со својата објава од приватната афтер-забава на „Долче и Габана“ во Милано, каде што може да се види како позира во фустан од змиска кожа. Многу корисници на социјалните мрежи напишаа дека таа користела филтри или програми за уредување фотографии откако фотографите објавиле неуредени фотографии од ријалити ѕвездата.

     

    „Зошто ги фотошопираше фотографиите? И без тоа си многу привлечна жена“, „Изгледа добро за нејзините години и без филтри“, „Подобро би било да покаже дека изгледа добро и на 42 години отколку да се преправа дека изгледа како да има 30 години“, „Поубава е без фотошоп“, се само дел од коментарите на луѓето под објавата на Ким.

    ФОТО: Твитер/Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img