More

    Еве како ќе се управува со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031

    spot_img

    Донесен и одобрен е Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031 година, информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

    Планот, како што се наведува, е донесен по долготрајни, но плодотворни консултации на експертско ниво.

    Според ресорното министерство, во овој транспарентен процес беа вклучени околу 70 експерти, при што учество земаа околу 30 претставници на различни заинтересирани страни.

    „Планот за управување ќе биде алатка за новото Јавно претпријатие Национален парк „Шар Планина“ за обезбедување на заштитата на биолошката разновидност и зачувување на дивиот свет во паркот, но исто така и за подобрување на благосостојбата на локалното население, преку создавање зелени работни места и подобрување на зелената инфраструктура и услуги. Затоа остануваме посветени на целиот овој процес бидејќи идентификуваните природни и социо-економски вредности нема да значат многу, доколку не знаеме да ги цениме и да обезбедиме одржливо управување“, стои во соопштението.

    Од МЖСПП наведуваат дека по донесувањето и одобрувањето на планот за управување фокусот е одржливо управување на Шар Планина со нејзините бројни еколошки, социјални и културни вредности.

    „Донесувањето на планот е резултат на успешната соработка помеѓу Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) на IUCN, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) и Јавната установа Национален парк „Шар Планина““, се вели во соопштението од МЖСП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img