Еве како го крадат Ѓоковиќ само за да не биде најдобар и во двете конкуренции

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Tennis - U.S. Open - Flushing Meadows, New York, United States - September 10, 2023 Serbia's Novak Djokovic celebrates with the trophy after winning the U.S. Open REUTERS/Mike Segar

Новак Ѓоковиќ со неодамнешниот триумф на Ју-Ес опен дојде до 24 гренслем-титула, со што само се зацементира на врвот од вечната листа во машка конкуренција (Надал има две помалку), но Американците во последно време тврдат дека Србинот е само изедначен во апсолутна конкуренција, бидејќи одеднаш крај него со ист број трофеи се појави легендарната Маргарет Корт.

Нејзиното име почна редовно да се споменува заедно со тоа на популарниот Ноле, како тенисери кои го делот епитетот најдобри на сите времиња. Но, вистината е малку поинаква, а фактот што западните медиуми почнуваат да ја протежираат оваа приказна е доказ колку се фрустрирани што тенисер од малата Србија ќе биде запаметен како неприкосновен на сите времиња.

Доказот за тоа го има американскиот новинар Кристофер Џонсон, кој објави стара фотографија од времето кога Штефи Граф имала 22 гренслем-титули, а на таа листа зад името на Корт стојат само 11 трофеи од најголемите турнири. Но, сега кога Новак дојде до 24 трофеи, таа одеднаш ја има истата бројка.

– Маргарет е легендарна тенисерка, но факт е дека таа освои 13 слем против аматери, а не против професионални тенисери. Тоа би било како јас да освојам турнир против моите пријатели и да тврдам дека сум подобар од Ѓоковиќ. Еден човек во мојот тениски клуб има 25 пехари, па Новак сега мора него да го брка – напиша Џонсон на Твитер, објаснувајќи што се случува.

 

Самиот Новак е свесен дека е на удар на медиумите, особено од Западот и дека воопшто не го сакаат.

– Дали јас сум еден од најголемите спортисти досега? Оставам на вас и на другите да процените дали заслужувам да бидам дел од таа дискусија. Факт е дека да не бев од Србија, пред многу години ќе бев издигнат во спортскиот рај на меѓународно ниво. Особено во западниот свет. Тоа е дел од моето животно патешествие, благодарен сум што сум од Србија, тоа ми дава сила и верба, а успесите ги прави послатки и поубави и ме исполнува уште повеќе – изјави Ѓоковиќ.

Популарниот Ноле до својот 24 гренслем дојде до триумф над Данил Медведев во финалето во Њујорк, а победата ја прослави со специјално дизајнирана маица со слика од него и Коби Брајант, како почит на легендарниот кошаркар и неговиот добар пријател, кој во дел од кариерата настапуваше со бројот 24.

Share This Article