More

    Еве како да се справите со отровната риба која ја има во Грција, Црна Гора…

    spot_img

    Бруфенот, антиалергиските лекови и антибиотиците се дел од начините за справување со убодот на отровната риба-змеј кој ја има во плитките води на морињата во регионот. Но, најдобрата превенција за оваа мала накострешена риба долга само 10 сантиметри која се крие во песокот на дното е да се носат гумени чевли.

    Не можете да ја видите во песокот затоа што совршено се претопува во околината. Кога напаѓа со црните перки, тоа е во одбрана. Но, ефекетите се девастирачки и можат да доведат до срцев удар кај постарите луѓе. Гушење, потеше, мачнина.

    Лекарите велат стапалото или местото каде сте боцнати да не се покрива, а да се натопи со топла вода. Колку потопла вода, толку послаб е ефектот на отровот – тоа се вика термолабилност.

    Сепак, превенцијата од убодот може многу да значи. Гумените чевли кај нас се продаваат за цени од околу 2.000 денари па нагоре.

    Важно е после овој третман да добиете прва помош од лекар во форма на инјекција или антибиотици.

    Болката може да продолжи со денови.

    „Штом ја ставивме ногата во топлата вода што ја донесовме од кафулето, таа беше многу подобра. Таа навистина врескаше од болка, велејќи дека не може да издржи. Се јавивме на докторот, кој ни рече да дадеме антиалергиски лек и бруфен што поскоро. Веќе беше подобра, ногата помалку ја болеше. Докторот исто така рече да му се јавам ако таа се задуши, за среќа тоа не се случи“, напиша лани српски турист во групата Грчка инфо.

    Тој го сподели неговото искуство. Еден друг турист напишал:

    „Пред неколку години ја згазнав на Олимпик Бич во Грција, многу лошо искуство. Таа испушти многу силен отров што ме остави во несвест. Веднаш по убодот отидов кај доктор кој ми даде инекција на местото на убодот, во стапалото“, напиша Србин во група на Фејсбук посветена на Грција.

    Уште полошо искуство доживеала жена чиј син згазнал на риба змеј во Јадранот.

    „Мојот син имаше лошо искуство на Јадранот на 15 години. Го убоде додека ја симнуваше од јадицата, не знаеше дека тоа е таа риба… Отокот беше ужасен, болката беше неподнослива, веднаш моравме да одиме на доктор“, пишува таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img