Што е темпура? Иако звучи егзотично, всушност е обична мешавина од брашно, вода и жолчка од јајце (а може да се направи и без јајце) во која храната, најчесто зеленчук и морски плодови, се потопуваат и потоа се пржат во врело масло.
Тајната на совршената темпура е во подготовката на смесата, а кога добро ќе ја подготвите, ќе добиете крцкава кора која нема да ги маскира вкусовите на храната или нејзината текстура. Резултатот се лесни, нежни залаци кои се совршено крцкави, полни со вкус и апсорбираат многу малку маснотии.