More

    Еве како да ги препознаете лажните монети од 2 евра

    spot_img

    Шпанската полиција објави информации како да се препознаат лажните монети од 2 евра кои биле произведени од кинеска криминална група.

    Полицијата, со видео и со фотографии, објасни како да се препознаат лажните парички. Тие немаат доволно детали и нарези на работ на монетите како вистинските евра, а најлесен начин за проверка е употребата на магнет. Вистинските монети се демагнетизирани и не може да се фатат и да се залепат на магнет, додека, пак, лажните раегираат на привлекувањето на магнетот.

    Кинеската група имала посебни машини за правење фалсификувани монети кои шпанската полиција ги открила во градот Толедо. Таму се најдени над 400.000 фалсификувани монети од по 2 евра. Полицијата, која во соработка со Европол ја реализираше акцијата „Двојна ѕвезда“, уапси 10 кинески државјани и објави дека најмалку 100 илјади монети досега се употребени и се во оптек.

    Монетите биле уфрлани преку кинески работници и студенти во Шпанија кои разменувале банкноти за монети евра, а најчесто се употребувале за плаќање патарини, за купување во трафики и на туристички штандови, како и на отворени пазари.

    Националната полиција на Шпанија соопшти дека го истражувала случајот 6 години и ги опишала истрагите како „исклучително тешки и извлечени, не само поради тајната природа на организацијата, а исто така и речиси неможноста да се следи трага. што е карактеристично за фалсификуваните монети“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img