Еве каде во Британија ќе се одржи Евросонг

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ливерпул ќе биде град домаќин на Изборот за песна на Евровизија 2023 година.

Ливерпул беше еден од 20-те градови кои се натпреваруваа за титулата домаќин на Евровизија, што оваа година се одржува во Велика Британија. Во финалето остана уште Глазгов.

„Никаде не приредуваат забави како нас“, порачала градоначалничката на Ливерпул Џоан Андерсон за време на натпреварот. „Домот на „Битлси“ е подготвен да приреди шоу за Украина, Велика Британија и Европа“, додала таа.

Обединетото Кралство претходно осум пати беше домаќин на натпреварот, четири пати во Лондон. Последен пат таму се одржа во 1998 година во Бирмингем. Британската јавна радиодифузна корпорација појасни дека во процесот на селекција се фокусирала на оние британски градови кои претходно се докажале како добри домаќини на големи меѓународни настани.

Украина требаше да биде домаќин на натпреварот следната година, откако украинската фолк-рап група „Калуш оркестра“ победи на натпреварот во Торино во мај, а британскиот претставник Сем Рајдер го освои второто место со необичната песна „Space Man“.

И покрај негодувањето од владата на претседателот Володимир Зеленски, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која ја води Евровизија, заклучи дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на повеќе од 10.000 луѓе вклучени во продукцијата и на уште 30.000 обожаватели.

Украинската влада се согласи настанот да биде организиран од Велика Британија, но тој мора да биде во украинскиот дух и карактеристики. Евровизија е најголемиот светски музички настан во живо.

Share This Article