Евакуираните од Тел Авив ќе слетаат прво во Скопје, а потоа во Белград

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Да живее Србија“ се слушнало пред полетувањето на авионот на „Ер Србија“ во кој меѓу 133 патници се евакуираат и Македонци, напиша српски Телеграф и објави видео. Извикот бил одговор на патниците до српскиот конзул во Израел, Душан Вујовиќ, кој претходно им се обратил со следните зборови:

– Драги пријатели, го натоваривме последниот патник. Ви посакувам сè најдобро, убав пат. Ве поздравувам пред амбасадите на Србија, Северна Македонија, деловниот конзулат на Црна Гора и Амбасадата на Албанија од моите драги колеги кои сето ова го организираа на терен. Прво летајте за Скопје, па за Белград, чувајте се и се надевам дека ќе се видиме во подобри времиња.

Видеото од извикот „Да живее Србија“ може да се погледне на следниот линк. Во авионот има и патници од Црна Гора, Србија и од Албанија. Авионот, според информациите на сајтот на ТАВ се очекува на скопскиот аеродром да слета во 15 часот и 15 минути. Од таму авионот треба да се упати кон Белград.

Македонскатa влада вчера соопшти дека ќе ги сноси сите трошоци за летот.

„Во услови на целосно откажани летови и блокиран авиопревоз со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет беше надминат со соработка со „ Ер Србија “ за превоз на граѓаните кои побараа помош. Авиопревозот што ќе се организира ќе биде бесплатен за граѓаните кои побарале помош“, соопштија од Владата.

Share This Article