Во Москва поради закана од експлозија се евакуирани 700 лица од болницата каде меѓудругото се хоспитализирани и жртвите од терористичкиот напад во концертната сала Крокус.
Како што пренесува Телеграмскиот канал „Шот“, Националниот медицинско-хируршки центар „Пирогов“ добил писмо во кое се наведува дека во болницата има бомба.
Веста на Икс ја пренесе и агенцијата Некста.
Во писмото се наведува дека на неколку ката наводно биле скриени четири ранци во кои имало импровизирани експлозивни направи со тајмер поставен на 40 минути.
Во моментов сите лица се отстранети од консултативно-дијагностичкиот центар, а на лице место се и итните служби и се врши проверка на информациите.
Во НМХЦ се лекуваат неколку жртви од нападот на градското собрание на Кркус во Москва.