More

    Ева Мендес: Секој втор ден го бричам лицето, како ѕвер сум

    spot_img

    Позната по својата искреност, актерката Ева Мендес (49) не крие кои третмани ги користи за да се чувствува и да изгледа подобро.

    Таа неодамна изјави дека е толку влакнеста што мора да го бричи лицето „секој втор ден“. Ева дури самата себе се опиша како „ѕвер“ поради тоа, пренесува „Пејџ сикс“.

     

    Откако ја откри тајната на нејзината блескава кожа, многу луѓе ја прашаа колку често прави т.н. дермапланинг:

    „Јас сум ѕвер, па веројатно ми треба секој втор ден!“, возврати 49-годишната Мендес, шегувајќи се на своја сметка, пластично опишувајќи како тоа изгледа во нејзиниот случај. Така, таа тврди дека доволно е да се наежи и да и излезат влакна, дури и ако е среде бричење на нозете под туш.

    Дермапланинг е техника која вклучува употреба на осцилирачко сечило за отстранување на површинските слоеви на кожата, со што се елиминираат влакната што многу луѓе природно ги имаат на лицето. Третманот ја намалува и појавата на лузни од акни, фини линии и брчки. И додека таканаречениот метод звучи пософистицирано, Мендес сака работите да ги нарекува со вистинско име, па затоа без двоумење рекла „го избричив лицето“, што предизвика бројни реакции.

     

    „Добив многу коментари на мојата претходна објава од жени кои го бричат ​​своето лице со години. Во ред, претпоставувам дека дермапланингот е префериран збор, но тоа е она што е и го сакам“, истакна таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img