More

    Еурофарм Пелистер ги доби противниците во Лигата на шампионите

    spot_img

    Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ги доби противниците за претстојната сезона во Лигата на шампионите. Битолскиот тим ќе игра во групата А во која се и ракометни великани од калибарот на Кил (Германија), Кјелце (Полска), ПИК Сегед (Унгарија), ПСЖ (Франција), Алборг (Данска), Загреб (Хрватска) и Колштад (Норвешка).

    Во групата Б во ракометната Лига на шампионите ќе играат европскиот првак Магдебург, Веспрем, Барса, Монпелје, Висла Плоцк, ГОГ Гудме, Целје и Порто.

    Натпреварите во Лигата на шампионите започнува на 13/14 септември, а до крајот на годината ќе бидат одиграни десет кола, додека останатите четири ќе бидат напролет во 2024 година.

    За новата сезона во Лигата на шампионите, РК Еурофарм Пелистер подготвува посебни пакет влезници за домашните натпревари во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, информираа од клубот.

    фото: принтскрин
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img