ЕУ не знае што ќе прави со вишокот вакцини за Ковид

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Фајзер“ и „Бионтек“ дадоа нов предлог до ЕУ во врска со прекумерните количини на вакцини против коронавирус нарачани од Брисел, според кои земјите-членки би платиле половина цена, или околу 10 евра, за секоја од 70 милиони дози од кои ЕУ се откажува, пишува денеска во „Фајненшл тајмс“.

Дополнително, измените на договорот ќе и овозможат на ЕУ да се префрли на понови вакцини прилагодени на „сите идни варијанти на ковид-19“, се додава во написот.

ЕУ преговара со двете фармацевтски компании за намалување на бројот на дози на вакцината што Брисел се обврза да ја купи оваа година на не повеќе од 500 милиони, за возврат ЕУ да плати повисока цена по доза.

Разговорите доаѓаат во време кога Европската унија планира да ги разгледа законите кои ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари. ЕУ се надева дека новата легислатива ќе може да ги оживее инвестициите и да го прошири пристапот до евтини лекови поради здравствените буџети на земјите-членки исцрпени од пандемијата.Засега нема конетар од Фајзер.

Share This Article