Русиките сили ќе бидат подготвени за инвазија на Украина во текот на втората половина од месецов, објави министерството за надворешни работи на Естонија.
Министерството на оваа поранешна советска република, а во моментов членка на НАТО, тврди дека поседува разузнавачки информации, кои упатуваат на тоа дека предвидениот напад на Русија би се случил евентуално наредната недела.
– Според нашите проценки, руската армија ќе биде подготвена за напад на Украина во втората половина од февруари. Кога воената подготвеност ќе биде постигната, тогаш ќе се чека само на политича одлука за отпочнувањето на операцијата – се вели во соопштението на естонското МНР.
Оваа разузнавачко предвидување од Талин, доаѓа по она од Вашингтон, од каде според информации од ЦИА беше посочено дека инвазија ќе започне во текот на вчерашниот ден. Сепак, инвазијата не се случи.
Руското министерство за одбрана соопшти дека започнало со повлекувањето на трупите, стационирани во близина на границата со Украина.