More

    Ештон Качер одби да раскаже за дивите „бели“ забави на Пи Диди

    spot_img

    Исто како Леонардо Дикаприо и Ештон Качер, поминал години дружејќи се со обвинетиот музички магнат Шон Диди Комбс, попознат како Пи Диди. Но, во моментите кога раперот заврши зад решетки, соочен со бројни и сериозни обвинувања, сите се оддалечија од него и се откажаа од пријателството.

    Холивудскиот актер Ештон Качер (46) е добар пријател со раперот Пи Диди, кој беше уапсен под обвинение за сексуална трговија, рекетирање, проституција и други слични кривични дела.

    Со оглед на нивното познанство, Качер бил редовен гостин на разузданите забави на Диди, за чии детали бил прашан во текот на гостувањето во шоуто „Хот уанс“ (Hot Ones) пред неколку години, пренесува порталот „Пејџ сикс“.

    „Имам многу да кажам, но не смеам. Така што, ух… Не смеам ниту оваа да ви го кажувам. Приказните за забавата на Диди, човеку, тоа се некои чудни сеќавања. Во моментот се обидувам да се сетам“, рекол тој, одбивајќи да зборуваме за деталите за озлогласените „бели“ забави на Диди.

    Познато е дека во 2009 година Ештон и Диди ја организирале традиционалната „бела“ забава на Диди по повод борбата против маларијата, која била наречена „Нема повеќе маларија“ (Malaria No More). Меѓутоа, нема индикации или докази дека Ештон или некоја од другите познати личности од забавата биле вмешани во нелегални активности.

    Качер се присетил на дружењето со Комбс и дека тие порано гледале фудбал, како и на стремежот на раперот да биде најдобар во сè. Според неговите зборови, Комбс во една прилика предложил да трчаат заедно и некаде на половина пат останал без енергија, па го замолил Качер незабележително да го забави темпото за пред папараците да не изгледа дека тој не може да трча. Ова го налутило раперот и, според зборовите на Ештон, почнал да тренира за маратонот во Њујорк.

    Ваквата поврзаност на Ештен со Диди и неговите тешки обвинувања дефинитивно не му одат во прилог на актерот, особено откако минатата година се „најде на мета“ кога му даде поддршка на својот колега од серијата „Луди седумдесетти“, Дени Мастерсон, кој исто така заврши во затвор и тоа е поради силување.

    Случајот продолжува да се разоткрива, а кој Диди ќе повлече со себе на дното, не се знае. Цел Холивуд стравува поради случајот со Диди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img