More

    Ериксен повторно се врати на теренот

    spot_img

    Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен настапи вечерва еден час во пријателскиот дуел зад затворени врати на премиерлигашот Брентфорд против Саутенд јунајтед, одигрувајќи го својот прв натпревар од минатото лето кога колабираше на теренот поради проблеми со срцето.

    Ериксен, кој денеска го слави својот 30. роденден, придонесе со асистенција во победата на Брентфорд од 3-2.

    Својот последен официјален натпревар Ериксен го одигра на 12 јуни минатата година против Финска на ЕУРО 2020, кога во финишот на првото полувреме колабираше на теренот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген поради застој на срцето.

    Данските лекари подоцна во болницата му вградија срцев дефибрилатор.

    Поради здравствените протоколи во Серија А, Ериксен беше принуден да го раскине договорот со италијанскиот шампион Интер, а шансата повторно да му се врати на фудбалот на поранешниот член на Тотенхем му ја понуди премиерлигашот Брентфорд со кој потпиша договор минатиот месец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img