More

    Ердоган: Турција ќе ја ратификува кандидатурата на Шведска за НАТО доколку САД дозволат продажба на авиони Ф-16 на Анкара

    spot_img

    Турскиот парламент ќе го исполни ветувањето и ќе ја ратификува кандидатурата на Шведска за НАТО доколку администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го отвори патот за продажба на авиони Ф-16 на Анкара, изјави денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган, а пренесуваат турските медиуми.

    Зборувајќи со новинарите на враќање од азербејџанската ексклава Нахчиван, Ердоган рече дека министерот за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Антони Блинкен разговарале за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО минатата недела во Њујорк.

    Американската администрација ја поврзува продажбата на борбени авиони Ф-16 на Турција со ратификацијата на шведската кандидатура од страна на Анкара, тврди Ердоган.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека унгарскиот парламент не брза да го ратификува барањето на Шведска за влез во НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img