Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција не може да ја напушти Русија или да се откаже од рускиот гас, пренесува РИА Новости.
Тој нагласи дека Турција има односи и со Русија и со Украина и потсети дека нуклеарната централа „Акуџу“ во Турција ја гради Русија.
Ердоган најави дека проектот ќе биде завршен следната година.
„Ова е стратешко прашање за нас, тоа се стратешки односи. Не можеме да ги оставиме, да ги скршиме“, рече Ердоган во разговор со младите, а говорот беше објавен на неговиот Твитер профил.