Ердоган се потсети на територијалните загуби на Отоманското царство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Зборувајќи за територијалните загуби на Отоманското царство, во својот говор на завчерашниот пропалестински митинг во Истанбул, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поистовети Скопје со Едрене, вбројувајќи го македонскиот меѓу градовите од Грција, Сирија и Ирак, „насилно одземени од турската татковина“!

– Пред еден век за оваа нација и оваа држава Газа беше тоа што е Адана. Токму како Едрене и Скопје, Киркларели и Солун, Мардин и Мосул, како и Газијантеп и Алепо, Газа беше неодвоив дел од територијата на татковината. (Во врска со загубата на нашите земји) од каде дојдовме и каде сме сега? Тие нè одвоија од сите овие земји, кои се исто толку дел од нас колку и нашата крв, нашиот живот и нашата љубов. На овој величествен собир, каде што се собравме за да ги поддржиме нашите палестински браќа и сестри во Газа, мораме да си заминеме со решеност да не дозволиме никогаш повеќе да се случат нови Гази – рече Ердоган.

Share This Article