Ердоган: Русија и Украина се договорија за размена на 200 затвореници

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија и Украина се договорија да разменат 200 затвореници, изјави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за американската телевизија PBS.

„Наскоро ќе бидат разменети 200 затвореници врз основа на договор на страните“, рече турскиот претседател оценувајќи дека тоа е „значителен“ напредок во конфликтот.

Ердоган не соопшти други детали за договорот или дали ќе бидат разменети цивили или војници.

Тој се состана со Владимир Путин минатата недела во Самарканд, Узбекистан и за телевизијата изјави дека рускиот претседател сака да стави крај на војната „што е можно побрзо“.

Ердоган, кој успеа да ги одржи врските со Москва и Киев од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, редовно се нуди да посредува во тој конфликт и постојано повторува дека треба да се постигне „договор кој ги задоволува сите“.

Но, тој нагласи дека за секој мировен договор меѓу Русија и Украина треба да се вратат окупираните територии.

„Тоа се очекува и се надева“, рече тој, додавајќи дека тој и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш работат на тоа.

Анкара постојано бара враќање на Крим кон Украина откако беше анектирана од Русија во 2014 година, потсети Ердоган и изрази особена загриженост за татарското малцинство што зборува турски.

Турскиот претседател во саботата дојде во Њујорк, каде денеска треба да се обрати пред Генералното собрание на ОН.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article