Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат ширење на војната во целиот регион, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк.
– Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот – рече Ердоган.
Тој нагласи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Појасот Газа, јави агенцијата Анадолија.
Ердоган, на настанот организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк, рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“.
Турскиот претседател оцени дека институциите чија должност е да обезбедуваат мир и безбедност се „очигледно во состојба на морален колапс“ и додаде дека полека ја губат ефикасноста и кредибилитетот.