Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изрази надеж дека дека „блискиот дијалог” со германскиот канцелар Олаф Шолц ќе помогне да се заживее процесот на пристапување на неговата земја во ЕУ, пренесува ДПА.
Во телефонскиот разговор со Шолц, Ердоган ја истакна потребата од „заживување на дијалогот Турција-Европската Унија, пристапните преговори и разговорите за ревитализација на царинската унија”, соопшти кабинетот на Ердоган.
Двајцата лидери разговараа и за руско-украинската војна и неодамнешните тензии меѓу Анкара и Грција, додаде канцеларијата, при што Ердоган побарал Германија да се врати на неутралниот статус кога се во прашање грчко-турските односи.