More

    Ердоган им се обрати на дипломатите во Истанбул

    spot_img

    Напредокот во преговорите меѓу руската и украинската страна, кои почнаа денеска во Истанбул, ќе го отвори патот за средба меѓу двајцата претседатели на тие земји, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

    Во своето обраќање пред преговарачите во Истанбул, Ердоган истакна дека е дојдено време разговорите да дадат конкретни резултати и повика на итен прекин на огнот. Тој нагласи дека одговорност на страните е „да ја запрат оваа трагедија“, дека „нема да има губитници во постигнувањето праведен мир“ и дека „продолжувањето на конфликтот никому не му користи“.

    Турскиот претседател изјави дека неговата земја уште од самиот почеток зазела „правичен став“ за конфликтот во Украина на сите нивоа и дека преговарачкиот процес што започнал ги зголемил надежите за мир.

    Ердоган, исто така, изрази надеж дека средбите ќе бидат корисни за земјите и регионот, а особено нагласи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин се драгоцени пријатели на Анкара.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img