Ердоган: Иднината на светот и животите на луѓето не може да се остават на милост и немилост на пет земји

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Turkey's President Recep Tayyip Erdogan speaks at a news conference during a NATO summit in Madrid, Spain June 30, 2022. REUTERS/Violeta Santos Moura/File Photo

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека уште еднаш можеме да видиме дека Обединетите нации и другите меѓународни организации се нефункционални.

– Сега е неопходно да се реформира структурата создадена по Втората светска војна. Постојаното членство и системот на вето во Обединетите нации треба да се сменат – им рече Ердоган на новинарите по враќањето од Саудиска Арабија.

Според него, иднината на светот и животот на луѓето не може да се остави на милост и немилост на пет земји со право на вето.

– Газа пред се е земја на палестинскиот народ. Америка мора да го прифати тоа – рече Ердоган.

Претседателот на Турција изјави дека доколку претседателот на САД Џо Бајден има пристап дека Газа не е земја на палестинскиот народ, туку земја на окупаторските доселеници и Израел, не е можно да се постигне договор.

– Сакам да започнам телефонска дипломатија (Израел-Палестина) по самитот во Ријад. Се надевам дека и ние ќе почнеме интензивно – нагласи тој.

Според него, Хамас не е терористичка организација.

– Тие се луѓе кои се борат да ја заштитат својата земја и се борат за својата татковина – нагласи Ердоган, повторувајќи го тврдењето што го кажа неколку дена претходно.

Претседателот на Турција изјави дека меѓународната заедница треба да преземе мерки против масакрот, но дека Советот за безбедност на ОН повторно стана нефункционален.

- Advertisement -
Ad image

Ердоган додаде дека Турција е земјата која нуди најприменливи предлози за решавање на проблемот.

– Турција е клучна земја за решавање на кризи и проблеми во регионот – посочи тој.

Share This Article