More

    Ердоган го коментираше украинскиот напад на Брјанск

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека Русија мора да преземе чекори да се заштити. Запрашан за сменетата нуклеарна доктрина на Русија по украинскиот напад со ракети со долг дострел во Брјанск, тој рече дека НАТО треба внимателно да ја разгледа одлуката на Москва, пренесува Ројтерс.

    Рускиот претседател Владимир Путин донесе денес ажуриран указ за нуклеарната доктрина според кој Русија го задржува правото на употреба на нуклеарно оружје во случај на агресија против неа со конвенционално оружје.

    Путин најави измени на нуклеарната доктрина, кога Западот за првпат почна да ја разгледува можноста за напади со ракети со долг дострел длабоко во руска територија.

    Ердоган на конференција за новинарите во Бразил по самитот Г20 кажа дека Турција мора да одржува добри односи и со Русија и со Украина и дека ќе продолжи да повикува на мир и покрај украинскиот напад кој, како што вели, ја влошил ситуацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img