More

    Ердоган доаѓа во Сочи да се сретне со Путин

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин на 5 август ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во црноморското одморалиште Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

    Двајцата лидери ќе разговараат за регионалните проблеми и билатералните односи, јавија руските медиуми.

    Ердоган одигра клучна улога во посредувањето во договорот потпишан од Русија и Украина во Истанбул минатата недела, со кој се дозволува извозот на украинското жито да продолжи преку Црното Море. Ова ќе биде втора средба меѓу двајцата лидери во рок од еден месец.

    Путин и Ердоган последен пат разговараа на самитот во иранскиот главен град Техеран на 19 јули. Тогаш главна тема беше ситуацијата во Сирија, каде Анкара и Москва имаат различни позиции по прашањето за војната.

    На средбата во Сочи, освен Сирија, на дневен ред би требало да биде и Украина. јт

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img