Денешните неповолни временски услови на Белград и на одредени аеродроми во регионот, со последователно губење на аеродромските слотови, ќе се одразат на протокот на сообраќајот на српската национална авиокомпанија и ќе доведат до доцнења и можни откажувања на одредени летови, објави Ер Србија.
Надлежните служби на Ер Србија прават се што е во нивна моќ да ја зачуваат регуларноста на сообраќајот, согласно планираниот распоред на летови, додаваат оттаму.
За повеќе информации, патниците можат да се јават во Контакт центарот на Ер Србија на 0800 111 528 од Србија, на +381 11 311 21 23 од странство, посетете ги airserbia.com или страниците на социјалните мрежи на Ер Србија.