More

    Енигма е зошто е уапсен полицаец и кому давал информациите од истрагата

    spot_img

    Осми ден од потрагата по малата Данка Илиќ (2) од Бор, на која и се губи секаква трага во Бањско Поле. По видеото на кое се гледаат две романски државјанки со девојче кое многу личи на малата Данка, направено од Србин од Виена, покрената е жолта потерница на Интерпол, а во целиот случај е вклучена и австриската полиција.

    Амбасадорот на Србија во Австрија, Марко Благојевиќ изјави дека се очекува идентификација на детето од видеото снимено во Виена, за да се утврди дали се работи за Данка Илиќ, по која се трага од 26 март.

    Тој во изјавата за медиумите  рече дека Амбасадата е во постојан контакт со австриската полиција, како и дека српскиот народ што живее таму е информиран за исчезнувањето на девојчето.

    Од виенската полиција  даваат детали за овој случај, но велат дека во потрагата се изгубени десет часа, бидејќи видеото прво било испратено во Белград, од каде нешто подоцна стапиле во контакт со австриската полиција.

    Истрагата во Србија продолжува на нови локации, а родителите и блиските роднини повторно дале изјави во полиција поврзани со новите случувања во истрагата.

    Српските медиуми информираат и дека полицаец од Бор е уапсен под сомнение дека давал информации поврзани со истрагата за исчезнувањето на девојчето. Сепак, не се знае какви информации дал и на кого.

    Медиумите открија и дека се работи за еден од полицајците кој паднал на полиграфскиот тест, но Министерството за внатрешни работи не се изјаснило за овој случај, што дополнително ја вознемирува и онака вознемирената јавност во Србија.

    Она што е интересно е дека на некои полицајци им е извршено полиграфско тестирање, но причината за тоа не е позната.

    Истрагата за исчезнувањето на девојчето во Србија се уште не дава резултати, а засега нема информации што се случило со Данка во вторникот ниту каде се наоѓа.

    Во текот на вчерашниот ден, во рамки на истрагата која е во тек, повторно биле сослушани членовите на нејзиното семејство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img