Во изминатите 10 месеци од годинава Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) издала лиценци за нови фотоволтаични централи со вкупно инсталирана моќност од скоро 272 мегавати.
Според РКЕ, низ регулаторниот филтер поминати се вкупно 254 барања од приватни инвеститори кои имале комплетна документација.
– РКЕ водејќи се од начелото на транспарентност, достапност и јавност има изготвено обрасци за сите приватни инвеститори во кои се наведени потребните документи со цел да се поедностави процесот во доставување на комплетни барања за добивање на соодветна лиценца, стои во соопштението од РКЕ.
Лани РКЕ издала лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од речиси 399 мегавати, додека во 2022 година издала лиценци за 152,2 мегавати.