More

    Емотивниот Стјепан Хаусер им посвети песна на убиените ученици во „Рибникар“

    spot_img

    Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер, пред два дена одржа концерт во преполната белградска „Арена“ и ја воодушеви публиката.

    Можеле да се забележат бројни познати личности, меѓу кои Новак и Јелена Ѓоковиќ, пејачи и актери, од Сергеј Ќетковиќ, Иван Босиљчиќ, Катарина Радивојевиќ, Ана Станиќ, Гордана Лазаревиќ, Катарина Шишмановиќ до Катарина Остојиќ…

    Новак Ѓоковиќ му се придружи на музичарот на сцената, па свиреа заедно и тој момент ја одбележа вечерта, но и уште еден, многу поемотивен и потажен.

    Емотивниот Хаусер една од своите песни ја посветил на трагично настраданиот ученик кој бил одличен музичар и неговите другари кои беа брутално убиени во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград.

    „Како што знаете, во Србија има многу талентирани млади музичари. Младиот виртуоз секако беше еден од нив. Овој настап му го посветувам нему и на неговите другарки кои се горе во рајот и кои ќе пеат со нас“, рекол потресениот музичар, кој меѓу речениците тешко доаѓал до зборови.

    Хаусер добил овации од публиката и започнал со свирењето на „Алелуја“ од Леонард Коен, која има значајна и голема симболика за многу луѓе.

    Овој гест бил проследен со долг аплауз од публиката и заедно со него достоинствено пеела, а специјални гости во публиката биле родителите на ученикот.

    Целиот концерт на Стјепан Хаусер бил големо задоволство за сите сетила, но овој емотивен момент дефинитивно ќе остане запаметен.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img