ЕМА додаде тешки алергии како несакан ефект на вакцината против Ковид Novavax

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ЕМА додаде тешки алергии како несакан ефект на вакцината против Ковид Novavax
Европската агенција за лекови (ЕМА) идентификуваше тешки алергиски реакции како потенцијални несакани ефекти од вакцината Новавакс против Ковид-19.

Вакцината беше одобрена од американските регулатори оваа недела, а нејзината етикета во САД вклучува предупредување да не се дава вакцината на луѓе со историја на алергиски реакции на која било компонента од вакцината, пренесува Ројтерс.

ЕМА соопшти дека исто така ќе ги ажурира информациите за производот за вакцината за да додаде необична или намалена сензација на кожата како нов несакан ефект.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, досега само 250.000 дози нуваковид, вакцината за Ковид-19 на Новавакс, се администрирани во Европа од нејзиното лансирање во декември.

Повеќе вести за Ковид-19 и последиците од пандемијата во земјата и светот прочитајте на страницата „Коронавирус“.

Share This Article