Елтон Џон со солзи му оддаде почит на Џорџ Мајкл: „Денес ќе наполнеше 60 години“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
British legendary singer Elton John performs on the Pyramid Stage on day 5 of the Glastonbury festival in the village of Pilton in Somerset, southwest England, on June 25, 2023. Elton John closes out Britain's legendary Glastonbury Festival on Sunday in what has been billed as his final UK performance. The 76-year-old pop superstar is winding down a glittering live career with a global farewell tour, having played his last concerts in the United States in May ahead of a final gig in Stockholm on July 8. (Photo by Oli SCARFF / AFP)

Легендарниот музичар Елтон Џон се прости од британската публика во неделата вечерта на сцената на легендарниот фестивал во Гластонбери, на југозападот на Англија.

„Ова е многу посебна и емотивна вечер за мене, ова е можеби мојот последен настап во Англија, во Велика Британија, па сакам да се снајдам добро“, изјави Елтон Џон на почетокот на својот настап на Гластонбери.

По неколку големи хитови Елтон Џон го избра својот познат хит од 1974 година „Don’t Let The Sun Go Down On Me“ да му го посвети на својот голем пријател и легенда, пејачот Џорџ Мајкл кој вчера имаше 60-ти роденден.

Елтон му ја подари песната со трогателни зборови на својот покоен пријател кој почина на 53-годишна возраст во декември 2016 година.

„Денес е многу, многу посебен ден и се прашувам како ќе му пристапам. Еден од најфантастичните британски пејачи и текстописци беше Џорџ Мајкл. Тој ми беше пријател, беше инспирација, а денес ќе му беше 60-ти роденден, па сакам да му ја посветам оваа песна. Целата музика што ни ја остави е толку убава. Ова е за тебе Џорџ“, рекол Елтон Џон.

Потоа ги извадил познатите очила за да си ги избрише солзите.

И тоа беше само едно од многуте изненадувања кои Елтон ги донесе на сцената на легендарниот фестивал кој го одбележа неговиот последен настап во Велика Британија.

Песната „Don’t Let The Sun Go Down On Me“ честопати ја изведуваа заедно Џорџ Мајкл и Елтон Џон.

Share This Article