Тренерот Валтер Мацари дебитираше со победа на клупата на Наполи, откако со 2:1 славеа на тешкото гостување во Бергамо кај Аталанта.
Победата ја донесе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој во игра влезе во второто полувреме и стрелаше за конечни 2:1 на асистенција на Виктор Осимен.
Претходно Кварацхелија во 44-та донесе водство за Наполи, а во вториот дел во 53-та Лукман израмни на 1:1.