More

    Екстремните горештини предизвикуваат штета од 100 милијарди долари за американската економија

    spot_img

    Екстремните горештини имаат тешки последици не само за луѓето, животните и животната средина во целина, туку и за економијата, што го потврдува и состојбата во Соединетите Американски Држави.

    Имено, температурите се движат околу 40 степени, а во традиционално потоплите области, како што е Аризона, се блиску до 50. Тоа ги зголемува трошоците за компаниите од сите големини, а во исто време ги намалува нивните приходи бидејќи луѓето трошат помалку во вакви екстремни услови.

    Иако вистинското економско влијание на тешките временски услови допрва треба да биде целосно докажано, неодамнешните студии покажаа дека екстремната топлина може да има годишно влијание од 100 милијарди долари врз американската економија, само од изгубената продуктивност.

    Покрај угостителството и продавниците, кои страдаат од недостаток на потрошувачи, проблематично е и за оние чиј бизнис се одвива „надвор“. Работниците не можат да работат на такви температури, што ја намалува продуктивноста. Според тоа, Moody’s Analytics проценува дека ако ништо не се промени во врска со ваквите екстремни топлотни удари, светскиот БДП би можел да се намали до 17,6 отсто до 2100 година.

    Загубите се најголеми во секторите како што се земјоделството и градежништвото, но ниту една индустрија или бизнис не се имуни. Дури и ако вработен работи во климатизирана средина, тоа не мора да значи дека му се овозможува истиот луксуз дома. Исто така, нарушувањата на спиењето за време на жештините може да доведат до исцрпеност, а со тоа и до намалена продуктивност следниот ден.

    Експертите наведуваат дека е проблематично и тоа што температурите се зголемуваат толку брзо што луѓето немаат време да се навикнат. Ниту физички, ниту во деловна смисла, бидејќи самоперцепцијата на ризикот не оди во чекор со ситуацијата.

    Сето тоа ќе мора да се смени бидејќи пристигнаа промените кои бараат промени во навиките. Не само со секој поединец, туку и со одговорните за воведување регулативи кои јасно ќе одредат како, колку и кога да се работи кога температурите достигнуваат потенцијално смртоносни височини…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img