Вкупно 48 лица починале за два месеци поради екстремни горештини во Мексико, а речиси половина од смртните случаи се регистрирани само во изминатата недела, соопшти мексиканското Министерство за здравство.
Вкупно 956 лица се лекувани од топлотен удар, дехидрација и изгореници од сонце од почетокот на жешката сезона во средината на март. Топлотниот удар беше најчеста причина за смрт.
Температурите во 27 од 32 држави во таа латиноамериканска земја во моментов се над 40 степени Целзиусови.
Во четвртокот температурите во северниот град Монклова во државата Коахуила достигнаа до рекордни 47 степени. Покрај тоа, во поголеми делови од земјата наврнаа помалку дожд од вообичаено за овој период од годината.