Екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Турција ќе биде едно од прашањата за кои ќе се разговара при посетата на министерот за правда Кренар Лога на Анкара најавена за 8 февруари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Турција ќе биде едно од прашањата за кои ќе се разговара при посетата на министерот за правда Кренар Лога на Анкара најавена за 8 февруари.

Од Министерството за правда посочуваат  дека не можат да споделат официјални информации кога би бил екстрадиран Палевски, а за тоа колку време тој може да остане во Турција е прашање за турските власти согласно нивните закони.

– Кога ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во казнено поправна установа согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи – велат од Министерството.

Техничкиот премиер Талат Џафери во интервју за МИА вели дека не сака да прејудицира дали овие разговори би можеле да ја забрзаат екстрадицијата на Палевски, но нагласува дека е неопходна лична и директна комуникација за да се види што треба дополнително да се направи.

-Но, во секој случај неопходна е комуникацијата директна и лична таму да се биде, за да се види кои би биле постапките, процедурите, што би требало дополнително, евентуално, да се направи. Затоа е таа лична комуникација и е воспоставена во рамки на меѓународната соработка со соодветните братски институции со коишто соработуваме и со коишто соодветно имаме билатерални спогодби за комуникации – вели Џафери.

 

Share This Article