Експлозивна направа била фрлена попладнево во близина на вештачкото езеро Газивода (Ујман), во северозападниот дел на Косово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Експлозивна направа била фрлена попладнево во близина на вештачкото езеро Газивода (Ујман), во северозападниот дел на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста во изјава за медиумите ја потврди заменикот директор на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, кој кажа дека експлозијата се случила околу 14 часот и 30 минути.

Елшани информира дека нема повредени, но дека се оштетени најмалку два автомобили.

– Експлозијата се случи зад тунелот број 5. Оштетени се најмалку два автомобили и нема повредени. Засега не се знае каква експлозивна направа е фрлена – изјави Елшани.

Акумулационото езеро Газивода се наоѓа на територијата на Косово, додека помал дел се простира и во Србија.

Share This Article