Во експлозија во универзитетска зграда во главниот град на Ерменија, Ереван, едно лице загина, а тројца се повредени, соопштија денеска локалните власти.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека експлозијата се случила во подрумот на зградата на одделот за хемија на Државниот универзитет во Ереван.
Во соопштението се наведува дека едно лице починало, а три се примени во болница со изгореници и други повреди, од кои едното е во критична состојба.
Причината за експлозијата е под истрага.