Во зградата на кафуле во Воронеж се случила експлозија, оштетено е стаклото, а на лице место работи истражна екипа.
Ова за ТАСС го соопшти началникот на прес-службата на Главната управа на Министерството за внатрешни работи за регионот Воронеж, Наталија Куликова.
– Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Русија во Воронеж добила пријава за оштетување на стаклото во едно од кафулињата лоцирани на улицата Ленинова, поради експлозија. На лице место работи истражна екипа, се расчистуваат околностите во кои настанала детонацијата – соопшти Куликова.
Полицијата соопшти дека добила пријава за оштетување на стаклото во едно од кафулињата од последователна екслопзија во една од просториите, пренесува РИА Новости.
Руските медиуми објавија видео снимки на кои се гледаат искршените прозорци на „Источна чајџилница“ во Воронеж.