Експлозија се случи во фирмата за продажба на пиротехника Хамекс во Врхника, Словенија, при што едно лице загина, а две се тешко повредени. Како што јави N1 Словенија, експлозијата се почувствувала во поширока област на градот. На местото на несреќата се испратени повеќе екипи на Брза помош.Полициската управа во Љубљана околу 11:30 часот била информирана за експлозија во фирма во месноста Врхника. Полицијата го обезбеди местото, а пожарникарите го гаснат пожарот.
Жителите на Врхника велат дека слушнале три експлозии.Компанијата Хамекс д.о.о е основана во 1991 година, а своите производи ги продава на клиенти во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.