Во Истанбул утрово се случи силна експлозија, јавуваат турските медиуми.
Како што се наведува, експлозијата одекнала во областа Бејоглу, а во тек е евакуација на граѓаните.
Експлозијата се случила во подземни инсталации.
Бројот на жртвите не е официјално соопштен, но според медиумите најмалку десет лица се повредени.
Противпожарните екипи се на местото на настанот.