Во фабриката за пиротехнички средства „Трајал“ во Крушевац утрово околу 9 часот за време на работниот процес дошло до експлозија во објектот за производство на горивна лента, јавуваат српските медиуми.
Репортерката на РТС од местото на настанот вели дека жителите на околината рекле дека се слушнала силна детонацијаи и дека се треселе прозорците и вратите.
Според првите информации едно лице починало, а четворица се повредени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Општата болница во Крушевац.
Пожарот кој избувнал како последица од експлозијата е локализиран, а на местото на настанот се обезбедуваат припадници на Полициската управа во Крушевац и на Одделението за вонредни состојби. Интервенцијата е во тек.
Tројца мажи и едно девојче се примени во Општата болница во Крушевац. Тројца од повредените се оперирани и се свесни, додека едно лице е во Ургентниот центар, јавува српската државна телевизија РТС.
Како што може да се види на видеото објавено на страницата „192“” на Инстаграм има густ црн густ чад на небото.