More

    Експлозии одекнуваат во Белгород и окупиран Крим

    spot_img

    Силни експлозии се слушнале во текот на ноќта во средата во делови од југозападна Русија и во окупираниот Крим, јавува Би-би-си во средата.

    Руските власти соопштија дека пограничниот град Белгород, каде во саботата беа убиени 25 лица, повторно е нападнат, како и Севастопол на Крим, каде беше соборен украински проектил.

    Во средата во текот на ноќта во Белгород се слушнаа нови експлозии, а гувернерот на регионот изјави дека се уништени неколку беспилотни летала.

    Во Севастопол, град под руска окупација и најголем на Крим, беше соборен проектил над пристаништето, напиша на Телеграм Михаил Развозаев, гувернерот поставен од Москва. Нема извештаи за жртви или материјална штета.

    Руски проектили ги погодија најголемите градови во Украина, вклучувајќи ги Харков и Киев, во вторникот, при што загинаа најмалку пет лица, а десетици беа ранети, соопштија локалните власти.

    Новите напади врз украинските градови дојдоа откако рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ги засили нападите како одговор на неодамнешните украински напади.

    Во своето ноќно обраќање во средата навечер, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија во вторникот истрела „речиси сто проектили од сите видови“. Тие, оцени тој, биле „специјално пресметани од нашиот непријател за да се предизвика што поголема штета“.

    Во последните денови се засили воздушната војна меѓу Русија и Украина.

    Украинскиот претседател вели дека Русија за пет дена употребила околу 300 проектили и 200 дронови.

    Русија го започна своето најголемо воздушно бомбардирање кон крајот на минатата недела, при што загинаа повеќе од 40 луѓе. Украинските сили одговорија со напад на Белгород.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img