More

    Експлозии одекнаа низ Украина, се огласија сирените

    spot_img

    Сирените за тревога поради руските напади се огласија низ Украина рано во четвртокот, вклучително и во главниот град Киев, соопштија официјални лица.

    Локалните власти на Телеграм го повикаа населението да побара засолниште, додека гувернерот на Миколаив, Виталиј Ким, објави дека биле истрелани четири ракети во воздух.

    „Украина веќе се соочи со најтешките непријателски напади, кои не резултираа како што очекуваа руските кукавици. Продолжуваме“, изјави на Телеграм шефот на Кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

    Украинскиот функционер Олексеј Гончаренко објави дека имало експлозија во реонот на Днепро, пренесе агенцијата Укринформ, додавајќи дека имало и прекин на струја.

    Никакви предупредувања не беа издадени на Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.

    Сирените за аларм се огласуваат речиси секојдневно поради можни напади насочени кон цивилни и енергетски структури.

    Експлозии се слушнаа и во градовите Ривне, Лавов, Виница и Ковел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img