Благодарение на нутритивните вредности што ги содржи, како што се протеини, витамини од групата Б, калиум и калциум, кефирот е една од омилените намирници на многу луѓе токму поради неговите здравствени придобивки.
Според Medical News Today, редовното консумирање кефир ни помага да создадеме силни коски и да изградиме силни мускули, а исто така придонесува за одржување на подобро здравје на срцето.
Она со што е особено богат кефирот се пробиотиците кои можат да помогнат да се подобри соодносот на здрави бактерии во гастроинтестиналниот тракт и да се третираат дигестивни проблеми и вагинални инфекции, како и да се спречат можни инфекции на уринарниот тракт.
Сепак, диететичарите предупредуваат дека има луѓе кои не треба да консумираат кефир или треба да го намалат неговиот внес на минимум.
Станува збор пред се за деца до една година, бидејќи не смеат да консумираат млечни производи од кравјо млеко, лица со автоимуни заболувања и сите оние кои имаат алергија на лактоза.
Иако некои луѓе со нетолеранција на лактоза може да имаат непријатни несакани ефекти, диететичарите нагласуваат дека умереното внесување на кефир не треба да им пречи, пренесува Index.hr.