Актуелна тема деновиве се плановите на рускиот претседател Владимир Путин околу прославите на Русија за Денот на победата в понеделник. Според Украина, тој ќе ја искористи годишната комеморација на победата на Советскиот Сојуз врз нацистичка Германија за да соопшти масовна мобилизација на неговите резерви, пишува Скај Њуз.
Независниот истражувач и експерт за Русија, Камил Галев сугерира дека постои реална можност претседателот да се одлучи за таква опција – што според него, би било тешка грешка со можни далекусежни последици за лидерот.
– Судејќи според природата и навиките на Путин, јас би ја проценил можноста тој да декларира масовна мобилизација на 9 мај, на 20 отсто. Тој може да ги подигне влоговите на големо за ПР ефект и за зајакнување на неговиот легитимитет. Но, како и да е, најверојатно би било тешка грешка. Путин апсолутно може да декларира масовна мобилизација. Но, тоа ќе биде спроведено во ситуација на речиси никаква инфраструктура и речиси никакви организациски капацитети за таква мобилизација и во рамките на воена доктрина што ефективно ја исклучува можноста за таква мобилизација – појаснува Галев.
Како што тој смета, во случај на целосна мобилизација, „ние би имале преполни касарни и објекти за обука со огромен број од недоволно мотивирани регрути под слабо раководство“.
– И овие регрути знаат, ќе бидат испратени во Украина, каде, најверојатно, ќе бидат КИА (убиени во акција/killed in action). Тоа е револуционерна ситуација. Сега, би ја проценил можноста за *успешен* масовен револт во Русија, близу до нула. Во случај на масовна мобилизација, ќе се зголеми до небото. Ќе има тони вооружени луѓе со непосреден личен интерес за соборување на режимот – истакнува Галев.