Експериментална мРНК-вакцина ја засили борбата против тумори кај животински модели, поточно кај лабораториски глувци, покажувајќи дека сме чекор поблиску до целта – развој на универзална вакцина што ќе го „разбуди“ имунолошкиот систем против ракот

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Експериментална мРНК-вакцина ја засили борбата против тумори кај животински модели, поточно кај лабораториски глувци, покажувајќи дека сме чекор поблиску до целта – развој на универзална вакцина што ќе го „разбуди“ имунолошкиот систем против ракот, објави Универзитетот на Флорида.

Студијата, објавена во списанието Nature Biomedical Engineering од страна на Универзитетот на Флорида, откри дека комбинацијата на тест-вакцината и на вообичаени имунотерапевтски лекови, познати како „инхибитори на имунолошки контролни точки“, предизвикала силен антитуморски одговор – како двоен удар.

Изненадувачки, истражувачите постигнале вакви резултати не преку насочување кон специфичен туморски протеин, туку преку едноставно засилување на имуниот систем, правејќи го да реагира како да се бори со вирус. Тоа го направиле така што ја поттикнале експресијата на протеинот PD-L1 во самите тумори, правејќи ги поприемчиви за терапија. Истражувањето било поддржано од повеќе американски федерални агенции и фондации, вклучително и од Националниот институт за здравство (NIH).

Педијатрискиот онколог и професор по истражување на детски рак при UF Health, Д-р Елиас Сајур, вели дека резултатите покажуваат можен нов правец на третман – алтернатива на хирургија, радијација и хемотерапија – со потенцијал за широка примена кај различни, тешко излечиви тумори.

– Овој труд опишува неочекувано и возбудливо откритие: дури и вакцина што не е насочена кон одреден тумор или вирус – доколку е мРНК – може да има ефекти специфични за туморот. Ова откритие е доказ за концептот дека ваквите вакцини можат да се комерцијализираат како универзални вакцини против рак, кои ќе го чувствителизираат имуниот систем против индивидуалниот тумор кај секој пациент – рече Сајур, водечки истражувач во Лабораторијата за РНК-инженеринг при Центарот за терапија на тумори на мозокот „Престон А. Велс Џуниор“.

Вакцина без таргет, но со силен одговор – нов пристап во борбата против тумори

Досега постоеле 2 главни приоди во развојот на вакцини против рак: едниот е пронаоѓање заедничка мета што ја имаат многу пациенти со рак; другиот е создавање персонализирана вакцина базирана на специфичните цели во туморот на поединецот.

– Ова истражување покажува трета, нова парадигма. Откривме дека со вакцина која не е специјално насочена кон рак, туку кон создавање силен имунолошки одговор, можеме да поттикнеме многу силна антикарциномска реакција. Тоа значи дека оваа метода би можела да се користи на широк круг пациенти – па дури и да доведе до т.н. „вакцина за рак што ја има на рафт – вели д-р Дуане Мичел, коавтор на трудот.

Веќе 8 години Сајур развива напредни вакцини против рак преку комбинирање липидни наночестички и мРНК (месенџер РНК) – молекула што служи како шаблон за создавање протеини во сите клетки, вклучувајќи ги и туморските.

Оваа студија е надградба на нивниот минатогодишен пробив: прва клиничка студија кај луѓе што покажа дека мРНК вакцина може брзо да го пренасочи имуниот систем да напаѓа глиобластом, агресивен тумор на мозок. Во тој случај, со персонализирана вакцина направена од сопствени клетки на пациентот, се добил моќен имун одговор.

- Advertisement -
Ad image

Со ковид-технологија до лек за рак

Во новата студија, тимот тестирал „генерализирана“ мРНК вакцина – која не е насочена кон специфичен вирус или кон мутирани туморски клетки, туку едноставно дизајнирана да предизвика силен имун одговор. Направена е со технологија слична на онаа што се користи кај мРНК вакцините против КОВИД-19, но не била насочена кон спајк-протеинот на вирусот.

Кај глувци со меланом, комбинацијата на мРНК вакцината и имунотерапевтскиот лек познат како PD-1 инхибитор (моноклонално антитело што му помага на имуниот систем да препознае туморот како туѓ) дала добри резултати.

Одејќи понатаму, при тестирање на различна мРНК вакцина како самостоен третман кај модели на рак на кожа, коска и на мозок, се покажале позитивни ефекти – во некои случаи, туморите целосно исчезнале.

- Advertisement -
Ad image

Истражувачите забележале дека мРНК вакцината може да го активира имунолошкиот систем дури и ако првичниот одговор не е директно поврзан со ракот – но ако е доволно силен, може да активира Т-клетки што претходно не функционирале, да се размножат и да го уништат туморот.

– Ова потенцијално би можело да биде универзален начин за будење на имун одговорот кај пациентот против рак. И ако тоа се покаже применливо кај луѓе, тоа би било навистина голема промена – вели Мичел.

Сега, тимот работи на подобрување на формулациите и на што поскоро започнување клинички испитувања кај луѓе.

Share This Article