More

    Ексклузивно: Бранко Црвенковски со ново движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“ ќе настапи на претседателски и парламентарни избори

    spot_img

    Поранешниот претседател на Република Македонија и екс-претседател на СДСМ ќе застанел јавно зад новото движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“, кое ќе вброи поранешни и сегашни видни членови на СДСМ, дознава редакцијата Охридскај.

    Движењето „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“, има свои корени од последните локални избори во РСМ, кога во поедини општини се појавија независни кандидати за градоначалници, а кои кандидати поради недоразбирањата со централата на СДСМ, настапија како независни кандидати, а во поедини општини се појавија и независни советнички листи, кои освоија советнички места и се дел од мнозинството во советите како коалициски партнери на ВМРО ДПМНЕ.

    ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИ ДВИЖЕЊА КОИ ДО СЕПТЕМВРИ ТРЕБА ДА ГО СОЗДАДАТ ДВИЖЕЊЕТО „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“!

    Како што дознава редакцијата Охридскај, Црвенковски има сериозна намера, преку ова движење, да се врати на политичката сцена на бел коњ. Токму за таа цел, пред две години како пробен балон организирано е движењето во Охрид, „Охрид пред сè“, но и само-кандидатурата на Максим Димитриевски во Куманово, Зоран Ногачевски во Општина Дебарца, како и тајната поддршка на Данела Арсовска за кандидат на град Скопје. Горенаведени примери за Црвенковски беа доволен доказ дека може преку движења поддржани од незадоволни членови на СДСМ и другите политички партии, на престојните парламентарни избори да освои двоцифрена бројка на пратеници во Собранието на РСМ.

    За новата политичка цел, приврзаниците на Црвенковски веќе отпочнале со основање на движења низ сите градови во Македонија, за конечно во месец септември 2023 година сите да се обединат под името „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“.

    Според изворот на Охридскај, Бранко Црвенковски нема да биде лидер на движењето, а нема да биде ниту Максим Димитриевски, туку лице од потесниот круг на Црвенковски, кој би бил најголемо изненадување на политичката сцена…

    С.Д.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img